151
Шкендија обезбеди
сигурна победа од 3-0 против прилепска Победа во 22. рунда натпревари во првата
македонска фудбалска лига, а резултатот по првите 45 минути игра гласеше 2-0 за
домаќините.
Мечот во Тетово на
резултатски план го отвори Радески уште во 9. минута, а на 2-0 зголеми Емини во
36. минута.
По само три минути игра
во вториот дел, засилувањето од зимскиот јануарски преоден рок,
репрезентативецот Муслиу ги постави конечните 3-0 со својот дебитантски погодок во дресот на тетовските
црвено-црни.