Капитенот на Реал Мадрид го допре дното, повредил младинец на тренинг

by bojan
1 минути читање

Марка пишува за тажниот крај на Дани Карвахал во Реал Мадрид, десниот бек не добива минутажа оваа сезона па тоа донело тензија во соблекувалната, па дури и еден инцидент на тренинг во кој бил повреден младиот Виктор Валдепењас.

Дани Карвахал со години беше незаменлив на десната бековска позиција, но работите се променија по тешката повреда на коленото во октомври 2024.

Тој потоа доби и силна конкуренција за место во тимот, на „Бернабеу“ пристигна Трент Александер Арнолд.

Но и кога Англичанецот беше повреден или се мачеше со формата, Феде Валверде се наметнуваше како прв избор за десната бековска позиција, а против Валенсија шанса пред капитенот дури доби и младиот Давид Хименез.

Па Дани Карвахал е фрустриран од ваквиот развој на настаните и тоа донеле тензија во соблекувалната.

Расправијата со кондицискиот тренер Пинутс беше прилично јавна, но на еден од тренинзите се случил голем инцидент.

Дани Карвахал стартувал остро и го повредил Виктор Валдепењас, младинецот на Реал Мадрид паузирал еден месец.

„Тоа беше многу груб старт“ – изјави сведок за Марка, и додава дека момчето имало среќа што не заработило многу посериозна повреда.

Па Дани Карвахал полека станува товар на „кралевите“, и покрај тоа што е легенда на клубот, неговите последни месеци (Шпанецот е под договор до 30. јуни) во белиот дрес се претвораат во фијаско.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×