Иран инсистира да игра во Мексико, дали Италија сепак може да се најде на мундијалот во САД?

by bojan
1 минути читање

Министерот за спорт на Иран, Ахмад Донјамали вели дека тие остануваат на ставот своите натпревари да ги игра во Мексико во спротивно можно е да се повлечат од Светското првенство.

Поради војната помеѓу САД, Израел и Иран, под знак прашалник е настапот на Иран на Светското првенство.

Иран бара своите натпревари во групната фаза да ги игра во Мексико наместо во САД, но до овој момент немаат добиено одговор.

„Остануваме на ставот натпреварите на Иран наместо во САД да се играат во Мексико, но се уште немаме добиено одговор“ – вели министерот за спорт Ахмад Донјамали.

„Доколку нашето барање биде прифатено, тогаш Иран ќе настапи на мундијалот, но ФИАФ се уште нема никаков одговор“.

Тој додава: „Како што стојат работите во овој момент, мали се шансите Иран да настапи на натпревари во САД“.

Ахмад Донјамали исто така посочува дека последниот збор ќе го имаат властите во Иран.

Па се поставува прашањето што доколку Иран навистина се повлече од мундијалот, кој ќе го заземе неговото место.

Италија, која уште еднаш разочара во баражот и загуби од Босна, во теорија може да добие покана.

На „аѕурите“ во полза им оди тоа што има најдобар ранг од репрезентациите кои останаа без пласман, а на нивна страна се и историјата, престижот, како и огромната армија навивачи.

Сепак, ФИАФ може да одлучи местото да го додели на некоја репрезентација од Азија за да се задржи балансот и тука Италија во старт испаѓа од комбинација.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×