40
Тренерот на Баерн Минхен, Винсент Компани, вели дека и покрај победата, атмосферата во соблекувалната не била славеничка бидејќи играчите знаат дека имаат уште еден натпревар.
Баварците направија голем чекор кон полуфиналето од Лигата на шампионите откако го победија Реал Мадрид на негов терен, но Компани знае дека не треба пред време да се радуваат.
„Сите во соблекувалната беа многу, многу смирени. Победивме, но потребно е да победиме уште еднаш“, вели Компани.
За Баерн во реваншот е доволно да не загубат, но нивниот менталитет е секогаш да одат на триумф.