621
Реал Мадрид синоќа го загуби првиот четвртфинален меч против Баерн Минхен, но вербата во таборот на кралскиот клуб дека ќе одат понатаму е присутна.
Кралскиот клуб создаде повеќе шанси за гол, особено во второто полувреме, па чувството кај играчите на Реал Мадрид е дека може да победат на тешкиот терен во Минхен и да се пласираат во полуфиналето.
„Фудбалерите во соблекувалната веќе велат дека ќе победиме во Минхен“, Арбелоа откри каква е атмосферата по поразот.
„Фактот што Мануел Нојер беше играч на натпреварот е доказ дека ние навистина можеме да им зададеме удар“.
„Многу верувам во нашата можност да победиме во Минхен. Им верувам на моите фудбалери“.