Официјално: Манчестер Јунајтед го продолжи договорот на најкритикуваниот стопер на светот

by 24 фудбал
1 минути читање

Манчестер Јунајтед објави продолжување на договорот на Хари Мегваер. Искусниот дефанзивец кој беше во последните месеци од актуелниот договор, реши дека ќе остане на „Олд Трафорд“. 

Мегваер и „црвените ѓаволи“ ја продолжија соработката на една сезона. Договорот е со важност до јуни 2027 година, но во него содржи опција за продолжување на уште една.

Дефанзивецот е член на Јунајтед од 2019 година. Мегваер досега за клубот одигра 266 натпревари, беше и капитен, а доста време и еден од најкритикуваните играчи на светот. Сепак, во последно време тој се консолидира и повеќе не е толку склон на киксови. 

Во сениорската кариера Хари Мегваер играше за Шефилд Јунајтед, Хал Сити и Лестер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×