Што се случува со денешниот фудбал: Ливерпул плаќа 40 милиони евра за играч без професионален настап?

by 24 фудбал
1 минути читање

Англискиот гигант Ливерпул се подготвува за уште еден богат преоден рок, а овојпат вниманието е насочено кон тинејџер кој сè уште нема сениорски настап.

Станува збор за 17-годишниот бразилски талент Ерик Беле од Палмеирас, кој досега нема дебитирано за првиот тим, иако еднаш бил дел од ростерот. За младиот фудбалер интерес покажуваат и ПСЖ и Парма, но Ливерпул е најконкретен.

Наводно на адреса на Палмеирас веќе пристигнала понуда од 20 милиони евра, но бразилскиот клуб бара двојно повеќе. Англискиот клуб е подготвен да ја плати таа сума и се очекува да ја добие трката за потписот на младиот Бразилец.

Ако се реализира трансферот, тоа би било одлична слика за денешниот фудбал во кој „големците“ плаќаат огромни суми, па дури и за играчи без професионални настапи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×