Со гол на Матео Политано во финишот од натпреварот, Наполи со 1-0 го победи Милан и го прескокна на табелата, Елиф Елмас во игра влезе во 85. минута.
Интер е далеку напред, па денешната битка меѓу Наполи и Милан беше натпревар важен за втората позиција на табелата.
Елиф Елмас од клупата го почна дерби натпреварот, македонскиот фудбалер во игра влезе дури во 85. минута на местото од Кевин Де Брујне.
Натпреварот долго време беше без погодок, а единствениот гол беше постигнат во 79. минута, стрелец беше Политано кој погоди по само пет минути откако влезе во игра.
Со оваа победа Наполи се качи на второто место со 65 бода, Милан падна на третата позиција со 63. Интер е далеку напред со 72 бода. До крајот на сезоната има уште седум кола.