45
Столе Димитриевски и Валенсија претрпеа нов пораз во Ла Лига, откако на домашен терен беа поразени од Селта Виго со 2-3.
Домашниот состав подобро го отвори натпреварот и поведе во 12 минута преку Родригез за 1-0, но продолжението донесе целосен пресврт на гостите.
Во второто полувреме најпрво Мориба израмни на 1-1, а потоа Лопез за кратко време донесе водство од 1-2. Селта ја потврди победата во 81 минута преку Сведберг, кој зголеми на 1-3. Во судиското продолжение Родригез со својот втор гол само го ублажи поразот на Валенсија, поставувајќи ги конечните 2-3.
Со овој резултат Селта стигна до 44 бода на шестата позиција, додека Валенсија со 35 е 13.