Aлегри доби одлична вест пред дербито во Серија А

by Стефан
1 минути читање

Рафаел Леао се врати на полни тренинзи со Милан и ќе му биде на располагање на тренерот Алегри за дербито во Серија А против Наполи, кое се игра во понеделник на стадионот „Марадона“.

Според италијанските медиуми, португалскиот офанзивец имал проблеми со воспаление на препоните, но во текот на вчерашниот ден тренирал заедно со соиграчите, што претставува одлична вест за Масимилијано Алегри во пресрет на еден од најважните мечеви сезонава.

Единствен фудбалер кој отсуствувал од тренингот бил Матео Габија, што значи дека остатокот од тимот е целосно подготвен за гостувањето во Неапол.

Сепак, враќањето на Леао не му гарантира место во стартниот состав. Се очекува Алегри да одлучува меѓу него и Кристофер Нкунку за позицијата во нападот.

Французинот остави одличен впечаток кога доби шанса и сигурно ќе води жестока битка за место во првите 11.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×