139
Настапот на главната ѕвезда на Баерн Минхен, Хари Кејн против Реал Мадрид е неизвесен, тој е повреден и неизвесно е кога ќе се опорави.
Кејн беше во таборот на англиската репрезентација и во Минхен се врати повреден.
Тој со сигурност ќе го пропушти утрешниот меч на Баерн против Фрајбург, но неизвесно е дали ќе се опорави за дуелот со Реал Мадрид кој е во вторник.
Засега нема информации кога точно ќе се врати, Баварците се молат тој да биде подготвен за дуелот со кралскиот клуб.
Во Англија не сакаат да се избрзува со негово враќање за да не се случи посериозна повреда пред Светското првенство.