Италијанците за босанското чудо од дете нудат 25 милиони, но се вклучија и Англичани и Шпанци!

by riste
1 минути читање

18-годишниот босански репрезентативец Керим Алајбеговиќ ова лето би требало да направи трансфер во голем клуб, интересот за него е зголемен по баражите за Светското првенство.

Иако уште е тинејџер, Алајбеговиќ имаше значајна улога во селекцијата на БиХ на патот кон Светското првенство.

Против Кипар и Романија запиша асистенции, а во баражот против Велс влезе во второто полувреме и му намести гол на Џеко со кој БиХ обезбеди пенали. А биеше прецизно и во пенал серијата на мечот со Италија.

Неговиот статус е специфичен. Беше во младите категории на Келн и Баер Леверкузен, а минатото лето за два милиони евра беше купен од Салцбург. Но, Баер Леверкузен во договорот има и клаузула со која може да го врати Алајбеговиќ за осум милиони евра. И таа ќе ја активира.

Германскиот клуб не планира да го задржува босанскиот фудбалер туку ќе го продаде на лето и ќе оствари профит бидејќи има голем интерес за него. Тоа го потврди и неговиот татко.

„За Керим многу се заинтересирани римските клубови. Уште во зимскиот преоден рок Рома и Лацио нудеа по 25 милиони евра, но Керим на крајот од сезоната ќе се врати во Леверкузен. Па идниот трансфер треба да се договори со тој клуб. Но, сега во трка се вклучуваат и англиски клубови кои се значително посилни финансиски. Истото се случува и со врвните шпански клубови како и Бенфка и Спортинг од Португалија“, рече таткото на фудбалерот.

Според „Трансфермаркт“, цената на Алајбеговиќ е 15 милиони евра, па трансферот сигурно не може да оди под оваа цена, а веројатно ќе оди многу нагоре.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×