37
Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Енис Барди, се огласи на социјалните мрежи по настапите на националниот тим во баражот за Светското првенство.
Македонија најпрво доживеа тежок пораз во Копенхаген од селекцијата на Данска со 4-0, додека во вториот натпревар, кој немаше резултатско значење, одигра без голови против Ирска во Даблин (0-0).
По овие случувања, Барди испрати порака до навивачите:
„Дадовме сè од себе понекогаш работите не излегуваат како што ги замислувавме. Ви благодариме за поддршката се гледаме со нови успеси. Напред Македонија. Глава горе“.
Капитенот беше дел од стартниот состав и на двата натпревари – и во Копенхаген и во Даблин.