Првиот човек на Наполи, Аурелио Де Лаурентис предлага Серија А да има 16 тимови наместо сегашните 20 тимови, на овој начин фудбалерите ќе имаат повеќе одмор, а репрезентацијата повеќе време да тренира.
Италија вчера доживеа нов резил, загуби на гостувањето кај Босна во баражот и нема да настапи на трето по ред Светско првенство.
Разочарувањето и гневот кај навивачите е огромно, се бараат промени, прв на удар е претседателот на Фудбалската федерација на Италија.
Но првиот човек на Наполи, Аурелио Де Лаурентис предлага драстични промени и Серија А во иднина да брои 16 тимови.
„Постојано зборувам дека има премногу натпревари и тоа ги троши нашите играч. Наместо лига со 20 екипи, подобро е да се вратиме на 16 екипи, и да го укинеме натпреварите во Суперкупот во Саудиска Арабија, ќе им дадеме одмор на нашите играчи, а и репрезентацијата ќе има повеќе време да тренира“ – вели контроверзниот Де Лаурентис, кој често говори без влакна на јазикот“.
„Исто така треба да почнеме да размислуваме дали тактичкиот пристап со кој се гордее италијанскиот фудбал навистина придонесува за успех против другите селекции?“
„Со години тврдам дека работите во Калчото стагнираат и ништо не се менува, а сите се задоволуваат со тоа. Јас не сум од тие што се помируваат со таква ситуација“.
„Шеснаесет тимови, помалку натпревари, повеќе време за тренинг на репрезентацијата“.