45
Капитенот на Босна и Херцеговина, Един Џеко, ќе ја предводи својата репрезентација на уште едно Светско првенство, но пред тоа го очекува операција.
Искусниот напаѓач се повредил во финишот од бараж-натпреварот против Италија, а дополнителните прегледи покажале дека станува збор за сериозен проблем со клучната коска, поради што ќе мора да оди на хируршка интервенција.
Предводникот на Боснанците на теренот ќе има околу два и пол месеци за рехабилитација, со цел да биде подготвен за настап на турнирот, каде што неговата селекција ќе игра против Канада, Швајцарија и Катар.