Македонската фудбалска репрезентација вечерва ќе одигра пријателски натпревар против Ирска во Даблин, во дуел на две селекции кои не успеаја да го минат полуфиналниот бараж за пласман на Светското првенство.
Селекторот Гоце Седлоски очекувано направи неколку измени во стартниот состав во однос на дуелот со Данска во Копенхаген, со цел да ротира и да тестира нови решенија во тимот.
Стартните состави:
Ирска (3-4-2-1): Келехер, Еган, Колинс, Ошеј; Колман, Најт, Молумби, Скејлс; Огбене, Азаз; Парот;
Македонија (3-5-2): Димитриевски; Зајков, Фетаи, Велковски; Херера, Алими, Костадинов, Барди, Чурлинов; Елмас, Растодер;
Натпреварот се игра на стадионот „Авива“ во Даблин, а почетокот е закажан за 20:45. Македонија ќе се обиде да остави подобар впечаток и да ја затвори оваа репрезентативна пауза со позитивен резултат.