276
Керим Алајбеговиќ беше херој на Босна и Херцеговина во Кардиф, откако го реализираше решавачкиот пенал за триумф над Велс и пласман во финалето од баражот.
Неговото влегување во игра внесе свежина во играта на „змејовите“, а круна на настапот беше токму последниот удар од белата точка, откако претходно беше и асистент.
По одличната партија веќе следното утро пристигна нова потврда за неговиот талент. Баер Леверкузен го врати во своите редови за осум милиони евра од Салбург и му даде договор на пет години.