Чешка на пенали ја помина Ирска, Македонија ќе игра во Даблин

by riste
1 минути читање

Чешка ќе игра против Данска за пласман на Светското првенство, а ние во Даблин против Ирска ќе го играме мечот кој нема никакво значење.

Ирска имаше почеток од соништата во Прага, со гол на Парот во 19. минута и автогол на Ковар четири минути подоцна поведоа со 2-0.

Но, Чешка не се предаде, Шик од пенал во 27. минута намали на 1-2, а пред самиот крај на мечот, во 86. минута Крејчи израмни на 2-2.

Тоа беше резултатот по 90 минути, а немаше погодоци ниту во продолженијата, па пеналите го одлучуваа победникот.

Чешка даде четири од петте пенали, а Ирска погоди трипати.

Чесите се радуваа на победата, а Ирците против нас ќе играат меч без никакво значење.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×