80
Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 17 години со пораз го отвори настапот во главната рунда од квалификациите за Европското првенство, откако беше поразена од Германија со 1-2.
Германците рано ја најавија победата кога Мирза погоди уште во третата минута за водство од 1-0, а Веит во 25. минута ја зголеми предноста на 2-0.
Избраниците на селекторот Колев покажаа карактер и не се предадоа, па во 66. минута Мартин Џангаровски намали на 1-2 и внесе неизвесност. Сепак, до крајот не успеавме да дојдеме до израмнување.
Во вториот натпревар од групата 1, Франција беше сигурна против Словенија и славеше со 2-0.