Мохамед Салах вчера и официјално соопшти дека ја игра последната сезона во Ливерпул, на лето ќе го напушти Енфилд.
Клубот веќе е во потрага понегов наследник, а медиумите шпекулираат за листа од пет кандидати за „нов Салах“.
Листата ја предводи крилниот фудбалер на Баерн Минхен, Мајкл Олисе. Но, тој има договор со Баерн до 2029, а Баварците сигурно нема лесно да се откажат од неговите услуги.
Втор на листата е Ентони Гордон од Њукасл. Иако неговите бројки се скромни во Премиер лигата оваа сезона, тој е импресивен во натпреварите од Лигата на шампионите. Но, слично како и Олисе, и Гордон е под договор со неговиот клуб, има уште четири години.
На листата има и млад крилен напаѓач со голем потенцијал. Јан Диоманде од Лајпциг. Во 25 настапи за својот тим оваа сезона во Бундеслигата, тој постигна 10 голови и имаше пет асистенции. Според „Трансфермаркт“ неговата вредност е 75 милиони евра, но се пишува дека германскиот клуб не би прифатил понуда под 90 милиони евра.
Следен на листата е белгискиот крилен напаѓач Јохан Бакајоко кој сега е во Лајпциг по заминувањето од ПСВ.
Во списокот е и ѕвездата на Атлетик Билбао, Нико Вилијамс кој засега одбива да направи трансфер, а во меѓувреме потпиша и долгогодишен договор со баскијскиот клуб.