Готово: Тотнем ќе бара нов тренер!

by Стефан
1 минути читање

Хрватскиот тренер Игор Тудор и Тотнем се пред разделба, откако управата на клубот по неколкунеделни внатрешни разговори донела одлука за нова промена на тренерската позиција.

Тудор не успеа да запише ниту една победа во Премиер лигата откако ја презеде екипата во февруари, а серијата слаби резултати ги доведе „спарс“ во незавидна ситуација и на само еден бод од зоната за испаѓање. Тоа, на крајот, ја натерало управата да реагира.

Иако неговата иднина веќе извесно време била тема на дискусија, клучен момент бил поразот од Нотингем форест. Внатрешно било договорено дека евентуален неуспех на тој натпревар ќе значи и крај за Тудор, а откако тимот предводен од Витор Переира славеше со убедливи 3-0, неговата судбина била практично запечатена.

Финалните разговори околу неговиот статус се одржале во понеделникот, а последниот збор го имал извршниот директор Винаи Венкатешам. По тие состаноци, ситуацијата се смета за решена и сега според медиумите на Островот се чека само официјалната потврда

Можно е и ова да ти се допаѓа

×