Мурињо: Манчестер јунајтед ако не му даде договор на Карик – ќе жали!

by riste
1 минути читање

Жозе Мурињо смета дека Мајкл Карик ќе биде првиот англиски тренер кој ќе ја освои Премиер лигата откако најдобрата англиска лига се нарекува така.

Карик кој му беше помошник на Мурињо, го препороди Манчестер Јунајтед, тимот од Олд Трафорд сега изгледа многу постабилно.

Мурињо добро го познава Карик и верува дека тој ќе биде голем тренер.

„Тој ќе стане првиот англиски тренер кој ја освоил Премиер лигата. Ако Манчестер Јунајтед не му ја даде перманентно работата, тој ќе оди на друго место и ќе ја освои лигата со друг клуб… и еден ден Јунајтед ќе жали што го пуштиле“, вели Мурињо.

Карик има договор со Јунајтед до крајот на сезоната. Тој дојде како привремено решение, додека клубот бара тренер за од почетокот на наредната сезона.

Но, Англичанецот досега покажува дека Јунајтед не треба да бара нов тренер, туку тој е вистинскиот за работата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×