Дортмунд со три пенали и пресврт го победи Хамбургер (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Борусија Дортмунд со голем пресврт славеше против Хамбургер со 3-2 на „Сигнал Идуна Парк“ во 32. коло од Бундеслигата.

Гостите одиграа одлично прво полувреме и поведоа со 0-2 преку Филип Отеле и Самби Локонга, додека Борусија не искористи шанса да се врати пред паузата откако Феликс Нмеча промаши пенал.

Во вториот дел следуваше сосема поинаква слика. Тимот на Нико Ковач притисна и стигна до пресврт, а клучни беа двата пенали кои ги реализираше Рами Бенсабаини. Помеѓу тие два гола погоди и Серху Гираси за целосен камбек.

Со оваа победа Борусија освои важни бодови во битката за врвот, додека Хамбургер испушти голема предност и остана без резултат.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×