„Ниту крив, ниту должен“ Миовски остана без гол против поранешниот клуб (ВИДЕО)

by 24 фудбал
0 минути читање

Ренџерс го победи Абердин со убедливи 4-1 во натпревар од Премиер лигата на Шкотска, а Бојан Миовски имаше поништен гол.

Македонскиот репрезентативец стрела за својот клуб само пет минути откако влезе во игра во 86 минута. Миовски доби добро одложена топка во шеснаесетникот и пласира во мрежата на поранешниот клуб, меѓутоа ВАР собата го поништи голот.

Причината беше игра со рака во зачетокот на акцијата од страна на соиграч на Миовски.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×