Салах викендов нема да игра за Ливерпул!

by Стефан
1 минути читање

Тренерот на Ливерпул, Арне Слот, на денешната прес-конференција го најави претстојниот дуел со Брајтон, но во фокусот се најде здравствената состојба на Мохамед Салах.

Египетскиот ас на последниот натпревар против Галатасарај беше меѓу најзабележителните, постигна гол, асистираше и не реализираше пенал, но изненади кога побара замена дваесетина минути пред крајот.

Слот денеска потврди дека станува збор за повреда која ќе го оддалечи Салах од терените во наредниот период. Напаѓачот ќе го пропушти мечот со Брајтон, а нема да биде на располагање ниту за националниот тим на Египет.

„Не е вообичаено да го гледаме повреден. Нема да конкурира за следниот натпревар. За нас е олеснување што доаѓа репрезентативна пауза, но тоа е лоша вест за Египет. Сепак, со оглед на неговата професионалност и начинот на кој се грижи за себе, очекуваме брзо закрепнување. И претходно покажал дека може да се врати и побрзо од прогнозите, па веруваме дека две недели ќе бидат доволни“, изјави стратегот на Ливерпул.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×