180

Селекторот на актуелниот европски шампион Шпанија, Луис де ла Фуенте го објави составот за претстојните пријателски дуели против Србија и Египет.
На листата има 27 фудбалери, а најмногу се од Барселона, седум: Жоан Гарсија, Кубарси, Педри, Олмо, Фермин Лопез, Ламин Јамал и Феран Торес.
Од Реал Мадрид во составот е само Хујсен.
Ова е претпоследниот список пред Светското првенство, следниот ќе биде конечниот за Мундијалот.
