Во Челси како аматери да го водат клубот: Потпишаа шест и пол годишен договор со Росениор, па сега ќе му даваат отказ!

by riste
1 минути читање

Челси доживеа дебакл во Лигата на шампионите откако со вкупни 8-2 беше елиминиран од ПСЖ, сините играат променливо во Премиер лигата, па челниците размислуваат за смена.

Сите се чудеа кога Челси му даде шест и пол годишен договор на Лиам Росениор. Тренер кој пред да дојде на Стемфорд Бриџ во својата тренерска кариера имаше отказ од Хал во Чемпионшип и седмо место со Стразбур во Франција.

Росениор немаше никаква историја на успеси која ќе оправда толку долг договор, но челниците на Челси му го дадоа.

Откако брзо ја увидоа грешката која сите добри познавачи на фудбалот ја знаеа, сега решиле да му даваат отказ на Росениор.

Но, отказот ќе треба скапо да го платат бидејќи обештетувањето за толку долг договор ќе ги чини огромна сума.

Прва желба сега на Челси е Сеск Фабрегас кој има фантастични резултати со Комо, а втор кандидат на листата е Филипе Луис кој беше маестрален на клупата на Фламенго. Двајцата се поранешни играчи на сините.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×