65
Англиските медиуми пишуваат дека е голема веројатноста Пеп Гвардиола да се раздели од Манчестер Сити по крајот на оваа сезона.
Гвардиола има договор со Манчестер Сити до летото 2027, но гласините велат дека ќе си замине една година порано.
Сити беше елиминиран со два порази од Реал Мадрид, англискиот тим заостанува и зад Арсенал во Премиер лигата, работите не се добри веќе подолг период.
Пеп Гвардиола е подготвен да се раздели со Манчестер Сити кој полека ја почнува потрагата по негов наследник.
Откако ќе го напушти Сити, Гвардиола сака да направи пауза од тренерската работа, веројатно една сезона, па потоа ќе се врати на работа.