Познати се четвртфиналните дуели во ЛЕ: Има англиско – италијанска пресметка!

by riste
0 минути читање

Синоќа заврши осминафиналната фаза од Лига Европа по што се формираа четвртфиналните парови.

По 120 минути игра на Олимпико, Болоња со 4-3 ја победи Рома во најинтересниот меч. А во четвртфиналето тие ќе имаат нов голем предизвик.

Болоња ќе игра против Астон Вила и тоа ќе биде најатрактивниот пар иако и останатите се добри.

Вториот англиски претставник, Нотингем форест ќе се сретне со Порто, Фрајбург ќе игра против Селта, а Бетис ќе се сретне со Брага.

Четвртфинале Лига Европа:

Болоња – Астон Вила
Порто – Нотингем форест
Фрајбург – Селта
Брага – Бетис

Можно е и ова да ти се допаѓа

×