Пирова победа на Самсунспор над Рајо во Шпанија! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Самсунспор со 1-0 го победи Рајо Ваљекано на негов терен, но во Турција загуби со 1-3, па шпанскиот клуб со вкупни 3-2 продолжува во четвртфиналето од Конференциската лига.

Ова беше двобој меѓу двата противници на Шкендија во ова натпреварување, на крајот шпанскиот тим испадна подобар.

Денеска победи Самсунспор со гол на Ендиаје во 65. минута, но Турците не можеа да се израдуваат на триумфот бидејќи доживеаа елиминација.

Немаше победник на дуелот меѓу Стразбур и Ријека, мечот заврши 1-1. Францускиот тим победи во Хрватска со 2-1, па тој оди понатаму.

АЗ Алкамар ја победи Спарта и во Прага, холандскиот тим триумфираше со 4-0 и со 6-1 се пласира понатаму.

Шахтар со 1-2 денеска загуби од Лех, но го доби првиот меч со 3-1, па украинскиот тим оди во следната рунда.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×