Фелипе со еврогол од слободен удар го спаси Вардар од пораз

by
1 минути читање

И втората
пресметка помеѓу Вардар и Шкендија во период од една недела заврши со идентичен
резултат. Попладнево во Купот на Македонија и на арената „Филип Втори“, двата
лути ривали одиграа 1-1.

Резултатот беше
отворен во 63. минута. Дарко Глишиќ погреши во нападот, Шкендија отвори контра
која на крајот умешно ја реализираше Бесарт Ибраими за 0-1.

Вардар стигна до
изедначување во 79. минута преку Хуан Фелипе. Бразилецот мајсторски биеше од слободен
удар, топката заврши во десниот агол на Захов, кој не можеше да стори ништо и
покрај тоа што гостинскиот голман се испружи колку што е долг.

Патникот во
полуфиналето ќе биде познат на 7. март по одигрувањето на реваншот во Тетово.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани