Винисиус не може да биде мирен, сакаше да се тепа по мечот во Манчестер! (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Винисиус Жуниор повторно се најде во центарот на вниманието, но не само поради головите, туку и поради однесувањето на теренот и надвор од него. Бразилецот беше клучен човек во победата на Реал Мадрид од 2-1 на гостувањето кај Манчестер Сити, постигнувајќи два гола на „Етихад“, но паралелно со тоа влезе и во неколку тензични ситуации.

Уште за време на натпреварот, Винисиус често влегуваше во вербални дуели со домашните навивачи, продолжувајќи ја праксата од претходниот меч против Бенфика, каде исто така беше во фокусот поради провокации. Сепак, најжешко било по последниот судиски свиреж. Според снимките кои се појавија во јавноста, во тунелот на стадионот дошло до сериозен конфликт меѓу Винисиус и дел од фудбалерите и стручниот штаб на Манчестер Сити.

Ситуацијата лесно можела да ескалира, но членови на двата тима реагирале навреме и го оттурнале Бразилецот за да спречат поголем инцидент. Ова не е првпат Винисиус да биде во центарот на вакви случувања, будејќи често се наоѓа во проблематични ситуации.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×