Данска со проблеми ќе ја дочека Македонија во баражот за СП

by 24 фудбал
1 минути читање

Данска ги откри адутите за баражот со Македонија. Селекторот Брајан Ример го скрати списокот на 25 фудбалери за клучниот дуел од полуфиналниот бараж за Светското првенство.

Скандинавците влегуваат со големи амбиции и притисок од јавноста, бидејќи победа на овој натпревар значи дека ќе бидат на дофат до Мундијалот. Ример се соочува и со одредени проблеми, па на списокот ги нема повредените Каспер Шмајхел, Патрик Доргу и Андреас Кристенсен. Дополнителен удар за Данците е и тоа што Јоаким Андерсен нема да биде во комбинација за настап против Македонија поради жолти картони, иако е дел од повиканите.

Сепак, лидер на тимот повторно ќе биде искусниот Кристијан Ериксен, додека во нападот се очекува главна закана да биде Расмус Хојлунд.

Во меѓувреме, македонскиот селектор Гоце Седлоски веќе го објави списокот на фудбалери за гостувањето во Копенхаген, каде што Македонија ќе се обиде да направи изненадување. Натпреварот меѓу Данска и Македонија е закажан за 26 март.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×