Седлоски: Само со храбра и машка игра може да ја изненадиме Данска!

by riste
2 минути читање

Новиот селектор на македонската репрезентација го објави списокот за баражот за Светското првенство против Данска и го кажа своето видување.

Седлоски е оптимист верува во изненадување иако потенцира дека Данска е фаворитот.

„Се работи за сериозен противник кој за нас е голем мотив да се докажеме да се видиме каде сме и што сме. Одлучив да не менувам многу во играчкиот кадар, оние кои го носеа товарот да останат, плус да освежиме со неколку нови и неколку повратници“, вели Седлоски.

„Дебитанти се Мусовски кој добро го пратев цело време, кој добро играше во лигата во САД. Тука е Фетаи кои за Шкендија ги игра сите натпревари. Третиот е Херера кој е капитен на Борац Бања Лука и настапува одлично таму“.

„Знам дека Данска има многу проблеми со повреди, но нас тоа не не интересира. Се радувам што нашите напаѓачи играат во добра форма. А што се однесува до Данска тие имаат голем ростер и секогаш може да направат добар тим. Данска е фаворит на хартија, но во фудбалот има изненадување, на теренот може се да се случи“.

„Играчите имаат уште по еден натпревар да одиграат за клубовите пред да дојдат тука, дај Боже да нема повреди, па потоа ќе одлучам кои ќе бидат стартерите иако во главата го имам составот кој ќе почне од прилика“.

„Три дена имам за работа со играчите, ќе се обидам да вметнам нешто ново, но немаме многу време, не можеме многу да менуваме. Она што ми е важно да сме колективна, компактна екипа, да одиграме еден за друг, да не се плашиме. Играчите не треба да се плашат од атмосферата во Данска, мислам и дека нема да се плашат, тие играле во големи клубови и играле пред жешка атмосфера“.

„Данска ја фаворизираат исто како и Италија што ја фаворизираа. Дај Боже да направиме пак изненадување исто како и тогаш“.

„Ќе настојуваме да играме офанзивно, но ќе зависи и од тоа колку ќе ни дозволи противникот. Најважно е да бидеме храбри, да одиграме машки“.

Собирот на репрезентација е на 22 март во недела.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×