Рајо Ваљекано со 3-1 славеше на гостувањето кај Самсунспор во првиот осминафинален натпревар од Конференциската лига, Риека со 1-2 беше поразена од Стразбур во Хрватска.
Шкендија во својата историска сезона во Конференциската лига се сретна и со Рајо Ваљекано и со Самсунспор, денеска тие имаа меѓусебен дуел во осминафиналето, по него Шпанците се радуваа.
Алемао уште во 15. минута донесе водство за Рајо, но само шест минути подоцна Самсунспор израмни преку Мариус.
До крајот на првиот дел Рајо го врати водството преку Гарсија, а Алемао со својот втор гол на мечот, во 78. минута ги постави конечните 3-1.
⚽️⚽️⚽️ Alemão
— GoalAlert HQ ⚽️ 🥅 (@GoalAlertHQ) March 12, 2026
🇪🇺 Samsunspor 1-3 Rayo Vallecano
pic.twitter.com/ZB6XuNtuq0
Домашен пораз доживеа и Риека која во Хрватска беше поразена од Стразбур со 1-.
Доминацијата на гостите ја потврди и Шахтар кој славеше кај Лех со 3-1.
Единствен домаќин кој победи во овој термин беше АЗ Алкмар кој со 2-1 го доби дуелот против Спарта Прага.