Водечката екипа
во нашиот најсилен фудбалски шампионат, Шкендија забележа убедлива победа од
0-3 на гостувањето кај својот ривал од Скопје, екипата на Шкупи и тоа со 0-3 на
средбата која се одигра во Маџари.
Цуцули уште во
првото полувреме ја најави победата на тетовските црвено-црни, а победата ја
потврдија Хасани и Ибраими.
Бранителот на
трофејот Вардар, со идентичен резултат славеше против прилепска Победа, но на
домашен терен, а головите за победничкиот табор ги постигнаа Барсегјан и
Максимов кој два пати ја затресе мрежата од голот на гостите.
Пелистер со 3-2
беше подобар од Работнички. Гостите со голот на Кировски уште во третата минута
водеа, но домаќините во само четири минути во првото полувреме направија
пресврт на резултатски план со погодоците на Маневски и Илијовски. Во
последните десет минути од мечот Чинеду израмни, но Трифуновски повторно ги
врати Пелистерци во водство и ги постави конечните 3-2.
Со ремито без
голови против Скопје на домашен терен продолжи огромната криза на Академија
Пандев која мошне амбициозно ја стартуваше сезоната, тимот од Струмица нема
победа веќе три месеци, а последната ја забележа во купот против Тетекс.
Резултати:
Академија Пандев –
Скопје 0:0
Пелистер –
Работнички 3:2
Шкупи – Шкендија 0:3
Вардар – Победа 3:0
Табела: Шкендија 50, Вардар 42, Силекс 32,
Академија 26, Шкупи 26, Работнички 24, Пелистер 20, Ренова 20, Победа 20,
Скопје 11.