Тудор уште нема најдено дом во Лондон, а ќе треба да си ги пакува куферите

by bojan
1 минути читање

Тотнем сериозно размислува за отказ на Игор Тудор, и ангажман на Шон Дајч кој се гледа како „специјалист за опстанок“.

Пред неполн месец, Тотнем го именуваше Игор Тудор за наследник на Томас Франк.

Стратегот од Хрватска уште нема најдено дом во Лондон, во моментов спие во тренинг центарот на „спарси“, но во брзо време можеби ќе треба да си ги спакува куферите.

Не се проблем само лошите резултати, туку и односот со фудбалерите. Тој од самиот старт имаше проблем да ја убеди соблекувалната со своите идеи, а се чини дека конците се целосно изгубени по гостувањето кај Атлетико во Лигата на шампионите и бруталниот однос кон голманот Антонин Кински.

Играчите биле шокирани од одлуката да го повлече од игра голманот по само 20 минути игра, и сметаат дека границата била премината.

Па Тотнем размислува за ангажман на нов тренер и прво име на ум им е Шон Дајч, кој се гледа како „специјалист за опстанок“.

Шон Дајч би бил само привремено решение, летоска ќе се бара нов тренер а помеѓу кандидатите се Маурисио Покетино и Роберто Де Зерби.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×