Англија оваа сезона има дури шест преставници во Лигата на шампионите, но интересно, ниту еден од нив не успеа да забележи триумф во првите осминафинални натпревари, а дури три од нив загубија со три гола разлика.
Синоќа тешки порази доживеаа Манчестер Сити и Челси. Тимот на Пеп Гвардиола со 3-0 беше поразен од Реал Мадрид, а сините од Стемфорд Бриџ со пораз од 5-2 се вратија од Париз.
Играше и Арсенал кој одигра 1-1 на гостувањето кај Баер Леверкузен израмнувајќи со сомнителен пенал во самиот финиш.
Во вторникот исто така два порази и едно реми за Англичаните.
Најтешкиот го доживеа Тотнем, кој загуби со 5-2 кај Атлетико Мадрид, а пораз доживеа и Ливерпул кој со 1-0 беше поразен од Галатасарај.
Пред победа беше Њукасл, но ја прокоцкаа во судиското продолжение кога направија прекршок за пенал, па Барса израмни на 1-1.
