Го одигра натпреварот на кариерата: Покрај овој човек Јамал вчера никаде го немаше (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Њукасл вчера беше на чекор да ја победи Барселона, но на крајот ремизираше 1-1, а еден од најдобрите на теренот беше левиот бек Луис Хол.

Хол имаше исклучително тешка задача, требаше да го запре Јамал, кој и сезонава игра на високо ниво. Сепак, Хол беше феноменален и одлично си ја заврши работата. Верувале или не, Јамал за првпат во кариерата заврши еден натпревар без ниту еден успешен дриблинг.

Заслугата за тоа најмногу му припаѓа на левиот бек, кој одигра одлично на двете страни на теренот. Покрај тоа што во дефанзивата го неутрализираше Јамал, во напад создаде пет шанси за соиграчите, најмногу од сите кои настапија.

Иако Јамал успеа да постигне гол од пенал во последната секунда, во текот на мечот беше речиси невидлив.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×