Несторовски на пенали ја доби битката со Трајковски, двајцата беа прецизицни од белата точка

by Стефан
1 минути читање

Славен Белупо обезбеди место во полуфиналето од хрватскиот куп, откако по подобро изведување на пенали ја елиминираше Локомотива. Натпреварот заврши 1-1 по регуларните 90 минути, а истиот резултат остана и по продолженијата.

Овој дуел привлече внимание и поради настапот на двајцата македонски репрезентативни напаѓачи, Илија Несотровски и Александар Трајковски. Несторовски беше стартер и ги одигра сите 120 минути за домашниот состав, додека Трајковски во игра влезе во 72. минута.

Гостинскиот тим поведе во првото полувреме со погодок на Каменовиќ, но домаќините брзо возвратија на стартот од вториот дел и го израмнија резултатот. До крајот на регуларниот дел и во дополнителните 30 минути немаше нови голови, па победникот мораше да се решава од белата точка.

Во пенал-рулетот прецизни беа и Несторовски и Трајковски. Сепак, фудбалерите на Славен Белупо имаа повеќе присебност реализираа доволно удари, додека Локомотива двапати не успеа да погоди, што на крајот значеше радост за домашниот тим и пласман меѓу четирите најдобри во Купот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×