Денеска се игра последниот натпревар од 22. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), Работнички го пречекува тимот на Арсими во уште една директна битка за опстанок.
За Работнички се освен победа ќе биде неуспех, дебармаалци имаат големо бодовно заостанување во однос на останатите екипи кои се борат за опстанок, па само со три бода ќе ја одржат надежта за спас.
„Мотивирани сме да ги освоиме трите бода. Знаеме каква е нашата позиција на табелата, само победа ни е опција на денешниот меч. Арсими има квалитетен тим, но ние немаме друг избор освен да притискаме за освојување за бодовите. Верувам дека можеме да ја исполниме целта и да продолжиме со борбата за опстанок“, изјави Сухељ Мухарем, напаѓачот на Работнички.
Арсими за разлика од првиот дел во сезоната, во вториот игра многу послабо. На пет одиграни натпревари има три победи, едно реми и победа само над отпишаниот Шкупи.
„Нe очекува многу важен натпревар против Работнички. За нас како клуб овој дуел има голема тежина и единствената алтернатива е победата. Максимално се подготвувавме во текот на целата недела и екипата е мотивирана да го даде својот максимум на теренот. Поразот од Тиквеш беше тежок за прифаќање, но фудбалот е таков и мора брзо да се реагира. Сакаме што побрзо да го заборавиме тој натпревар и да се вратиме на позитивните резултати. Веруваме во квалитетот на нашиот тим и ако играме со посветеност и дисциплина, убеден сум дека можеме да ги освоиме трите бода и да се вратиме на позитивната серија што нашиот клуб ја заслужува“, вели фудбалерот на Арсими, Албин Рамадани.
Мечот меѓу Работнички и Арсими се игра од 14 часот.
Со овој дуел завршува втората третина од сезоната, ќе останат уште последните 11 кола во кои ќе се решава шампионот, но и оние кои ќе испаѓаат.