ПСЖ со 85 милиони евра сака да купи двајца Срби, Рома и Црвена звезда тријат раце!

by riste
0 минути читање

Актуелниот европски шампион, ПСЖ наводно во својот список на можни засилувања има двајца српски фудбалери, едниот е од Рома, а другиот од Црвена звезда.

ПСЖ го сака голманот на Рома, Миле Свилар и наводно за неговите услуги се подготвени да платат 60 милиони евра.

Свилар оваа сезона брани во голема форма и го привлече вниманието на најбогатите.

Играчот од Црвена звезда е Василије Костов, фудбалерот со македонско потекло кој е хит во моментов и за кој се интересираат повеќе клубови.

Наводно, ПСЖ за него е подготвен да потроши 25 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×