Градското дерби помеѓу Милан и Интер имаше драматична завршница, гостите бараа пенал за играње со рака на Ричи, но судијата Довери не досуди ништо, ниту пак се огласи ВАР.
Милан го задржа сонот за Скудетото откако вечерва со 1-0 го совлада Интер во „дерби Дела Мадонина“, разликата помеѓу лутите градски ривали сега е 7 бода.
Но голема дебата донесе еден контроверзен момент од финишот на мечот, „нероаѕурите“ бараа пенал за играње со рака на Ричи.
L’Inter chiede un rigore per questo tocco di mano di Ricci: per Doveri è tutto regolare
— Guido Olivares🇮🇹 (@Guidolino8) March 8, 2026
pic.twitter.com/gKVxJ6PsHW
Не е спорно дека топката заврши во раката на фудбалерот на Милан, прашање е само дали беа исполнети условите за најстрога казна, односно дали позицијата на раката го направи телото поголемо.
Во студиото на Скај, сите се сложија дека за вакви слични инциденти оваа сезона биле свирени пенали.
Коментарите се дека Довери можеби не ја видел најдобр целата ситуација па затоа не досудил ништо, но сметаат дека ВАР собата морала да го извести дека има спорна ситуација која треба да се прегледа и да одлучи дали или не треба да покаже на белата точка,