Валенсија на нашиот Столе Димитриевски стигна до драматична победа од 3-2 против Алавес, популарните „лилјаци“ стигнаа до трите бода со гол од пенал во 98. минута.
Валенсија е се подалеку од зоната за испаѓање, вечерва на Местаља стигна до триумф над Алавес.
Мечот почна катастрофално за домаќините, направија пенал веќе во првата минута а Боје донесе предност од 0-1,
Популарните „лилјаци“ изедначија на стартот од вториот дел, Гера донесе 1-1. Сепак, Боје со својот втор гол го врати Алавес во предносот од 1-2.
Комерт во 90. минута погоди за 2-2 и драматична завршница, за Дуро од пенал во 98. минута да реализира за 3-2 и огромно славје.
Нашиот Столе Димитриевски и вечерва одигра цел натпревар.
🚨🇪🇸 | GOAL: HUGO DURO GIVES THE LEAD FOR VALENCIA WITH A PENALTY IN THE 98TH MINUTE! INCREDIBLE!
— TheGoalsZone (@TheGoalsZone) March 8, 2026
Valencia 3-2 Alaves.
pic.twitter.com/mBHH3D6vu4
ФОТО: X/Valencia CF