362
Поранешниот напаѓач на Ливерпул, Дарвин Нуњез би можел следното лето да се врати во Англија, Челси е заинтересиран за неговиот потпис.
Уругваецот постигнуваше голови за Ливерпул, но многу повеќе промашуваше чисти шанси, па кога ќе се спомене неговото име асоцијата е на сите тие утки.
Минатото лето тој се пресели во Саудиска Арабија, потпиша за Ал Хилал, но таму не се изнаигра.
Дарвин Нуњез е фрустриран од својот статус во Ал Хилал и сака да се врати во Европа.
Наводно Челси се интересира за него, но би го купиле само ако сумата е пристојна.