Мармуш сака да го полни Њукасл, играчот на Сити има луда статистика! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Манчестер Сити се пласираше во четвртфиналето од ФА Купот откако со 3-1 победи на гостувањето кај Њукасл, Омар Мармуш е центарот на вниманието.

Овој фудбалер досега има дадено 14 голови за Манчестер Сити, а дури половина од нив, односно седум се против Њукасл.

Сити не почна добро, Њукасл со гол на Барнс во 18. минута поведе со 1-0.

На пет минути до крајот на првиот дел Савињо изедначи на 1-1. Тоа беше резултатот од првиот дел.

По две минути игра во второто полувреме Мармуш реализира за комплетен пресврт и водство на Сити од 2-1.

Конечните 3-1 Мармуш со својот втор гол на мечот ги постави во 65. минута.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×