154
На Собранието Ѓорѓиоски го посочи сработеното во минатата година, и изјави дека ФФМ е чесна и транспарентна организација која прави историски успеси за фудбалот во Македонија.
„ФФМ потврди дека има сила и памет дека може многу. Поставивме стратегија за подобрување на инфраструктура, за инвестирање во младите, успеси на репрезентациите… Годината што ја испративме ни предизвикува задоволство и гордост, затоа што првпат имавме селекција на Европско првенство, првпат младинските селекции се квалификуваа во елитна фаза од квалификации, А-тимот го има најголемиот напредок од 90 места на ФИФА-листата. Македонија со сениорска селекција не била на ЕП и СП, но никогаш не сме биле толку близу како сега. Сега е време за исчекор. Првпат бевме домаќини на спектакуларен настан, УЕФА Суперкупот. Нашата федерација е дел од фудбалската историја“, вели Ѓорѓиоски.
„Со отворањето на инфраструктурата го заокруживме комплетниот тренинг-центар во комплексот куќа на фудбалот. Бидете горди на оствареното. Сега можеме да ја отвараме секоја врата во УЕФА. Или си за македонскиот фудбал или не си. Или си за транспарентна или чесна федерација или не си. Оваа федерација се бори за чесен и отворен фудбал. Ние плодовите допрва ќе го собираме. Сите делиме заслуги за амбиентот во македонското секојдневие. Стадионот „Младост“ во Струмица е пример за успешна приказна, зошто успеавме за помалку од 60 дена да го подговтиме за квалификацски мечеви. Сами не го направивме, туку заедно со Агенцијата за млади и спорт и општина Струмица. Така и ќе продолжиме сегаде – во Битола, Охрид, Штип, Тетово… Мораме и во иднина да ја препознаеме секоја аномалија, мора да се зацврстиме на сите полиња, да го задржиме заедништвото“.
„Чесноста и отвореноста се особини кои ќе нѐ красат. ФФМ е отворен за сите што може да помогнат. ФФМ се бори за реформи за макеоднскиот фудбал. Постигнавме најдобри резултати во историјата на македонскиот фудбал и тие ќе останат запаметени во историјата“.