Арсенал првиот во Премиерлигата со 100 погодока оваа сезона, го задржа и сонот за четири титули (ВИДЕО)

by bojan
1 минути читање

Арсенал се намачи против третолигашот Мансфилд, но славеше со 1-2 и се пласираше во четвртфинале во ФА Купот.

„Топчиите“ имаат пад во формата, и денеска се мачеа против третолигашот Мансфилд, но момците на Микел Артета стигнаа до победа од 1-2.

Мадуеке го отвори резултатот во 41. Минута со прецизен удар во аголот од работ на шеснаесетникот, но Еванс донесе радост за домаќините на стартот од вториот дел и изедначи на 1-1.

Сепак, Езе реализираше за 1-2 во 66. минута и донесе пласман во четвртфинале во ФА Купот и го задржа сонот за четири титули оваа сезона.

Со овие два погодока, Арсенал стана и првиот тим во Премиерлигата кој оваа сезона стигнал до 100 погодока во сите натпреварувања, и само трет од топ 5 првенствата во Европа.

ФОТО: X/Arsenal

Можно е и ова да ти се допаѓа

×