180
Арда Ѓулер беше асистент за првиот гол на Реал Мадрид во победата над Селта, но беше изваден од игра во 65. минута, Турчинот не ја прифати добро замената.
Ѓулер беше видно вознемирен кога излегуваше од игра, беше лут на Арбелоа што го менува.
На прес-конференцијата по мечот тренерот на Реал Мадрид беше прашан и за тој момент.
„Ниту еден тренер не го играл повеќе Ѓулер отколку јас во Реал Мадрид. Ниту еден тренер не покажал поголема доверба во него отколку јас. Тој е многу важен и јас му верувам многу“, беше одговорот на Арбелоа на прашањето за реакцијата на Турчинот.