Фудбалерот на Албасете, Хефте Бентакур открива како го добил дресот на Винисиус кога играле против Реал Мадрид.
Албасете направи големо изненадување кога со 3-2 го победи Реал Мадрид и го исфрли од Купот на Шпанија. Тоа се случи во средината на јануари.
Сега фудбалерот на второлигашот, Хефте Бентакур открива еден интересен момент од тој натпревар.
„Пред мечот зборував со Раул Асенсио и Винисиус и го прашав Винисиус дали може да ги размениме дресовите, тој ми рече дека ќе ме побара по крајот на мечот“, вели Бентакур.
„По мечот тој беше многу лут, што според мене беше нормално. Јас давав интервјуа и Раул, мојот голман дојде во дрес од Винисиус и ми рече дека Винисиус ме барал во соблекувалната и му го дал дресот да ми го даде мене. Тоа е гест кој ќе остане секогаш во моето срце“.